Поради пијана патничка, принудно слетал авион: Нападнала стјуардеси и сакала да ја отвори вратата – ММС
ММС

Објавено на: 09/2/19 12:30 PM

Поради пијана патничка, принудно слетал авион: Нападнала стјуардеси и сакала да ја отвори вратата

Авион што летал на релација од Малага кон Велика Британија мораше принудно да слета, бидејќи една пијана патничка педизвикала судир со екипажот и се обидела да ја отвори вратата на авионот, пишува „Сан“.

Црвеното вино што го пиела претходно го сокрила во шише „фанта“, па дури три стјуардеси морале да ја држат кога изгубила контрола и сакала да ја отвори втатата на авионот.

Некои патници раскажале дека пијаната патничка патувала со 12-годишно дете, а пред инцидентот се скарала со партнерот, па почнала да вика и псуе. Удрила една стјуардеса, а другата силно ја оттурнала.

Штом авионот принудно слетал, пијаната патничка Лиса била уапсена од полицијата.