На лицето на кралицата Елизабета II (93) ретко може да се види насмевка, но тоа не значи дека нема смисла за хумор.
Таа кај својот имот во Шкотска се пошегувала со група американски туристи што не ја препознале. Тие почнале да разговараат со неа не претпоставувајќи дека зборуваат со кралицата. Ја прашале дали живее тука во близина. Таа им одговорила оти има куќа во близина, а потоа била прашана дали некогаш ја сретнала кралицата?
„Јас не, ама оној полицаец таму – да“, одговорила духовито кралицата Елизабета со насмевка на лицето и им покажала на телохранителот што три децении работи за кралското семејство.
Веројатно причината зошто Американците не ја препознале кралицата е што таа во тој момент низ местото шетала многу сромно облечено и била со шамија на главата.