Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа рече дека специјалниот претставник на американскиот државен секретар за западен Балкан, Метју Палмер) ќе ја спроведува политиката на СА силно, некогаш дури и брутално.
„Смешно ми е кога ќе слушнам дека велат оти е српски зет, па нам ќе ни’ бил понаклонет. Тој ќе ја спроведува политиката на САД. Силно, понекогаш и брутално, па нам не ни’ престојат никакви лесни задачи“, изјавил Вучиќ за ТВ „Пинк“, додавајќи дека Палмер е способен, сериозен, одоворен и педантен човек.