Жена почина по превртување на тракторска приколка – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/19 3:52 PM

Жена почина по превртување на тракторска приколка

Четириесе и деветгодишнара Ш.Т.  од Мариово  го загубила животот откако се превртела приколката на тракторот во кој се превезувала со својот сопруг Б.Т.

Според МВР, несреќата се случила во атарот на село Рапеш, Мариово, а е пријавена претпладне во 10:40 часот. Додека Б.Т. и Ш.Т. се превезувале со тракторот со приколка, приколката се превртела, при што Ш.Т. починала на самото место. За настанот е известен јавен обвинител.