МВР Билтен: Кривични пријави во Скопје, Куманово, Битола и Гостивар за пронајдени наркотични дроги и психотропни супстанци – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/19 10:35 AM

МВР Билтен: Кривични пријави во Скопје, Куманово, Битола и Гостивар за пронајдени наркотични дроги и психотропни супстанци

Синоќа околу 21:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„1596″, кај мостот кој води кон парк Сарај, ги привеле С.О.(21), М.Е.(20), И.А.(23) и Ш.С.(23) сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против О.С.(39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

На 20.03.2019 околу 20:00 часот на ул.„Иво Лола Рибар” во Куманово, полициски службеници при преглед на патничко возило „форд мондео” со кумановски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, пронашле и одзеле амфетамини и марихуана.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.Н.(40) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

На 04.03.2019, полициски службеници при претрес во домот на пријавениот на ул.„Христо Ботев” во Битола, пронашле и одзеле метадон.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.С.(22) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

На 26.08.2019 во село Здуње, гостиварско, при преглед на лица и патничко моторно возило „ауди А6″, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.

Вчера во 15:50 часот било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – село Тодоровци, кај местото викано „Ѓурѓина ливада” се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „фергусон” со делчевски регистарски ознаки управуван од К.М.(22) и мотоцикл управуван од М.Ј.(64), и двајцата од с.Тодоровци, М.Каменица.

Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клинички центар Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Делчево.

Синоќа во 21.00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај Копачка, С.Р.(59) од Тетово управувајќи патничко моторно возило „пасат” со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.А.(62), по што биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

На 31.08.2019 во 15.30 часот во Полициската станица Гази Баба, М.Б.(31) од Скопје пријавил дека бул.„Александар Македонски” бил каснат од куче скитник во пределот на десната подлактица.