Споменикот на Александар Велики во Штип е еден од трите во државата, кој треба да добие нова плочка со објаснување во духот на Преспанскиот договор. Изработен од академскиот скулптор Никола Смилков, споменикот е поставен во 2006 година во централното подрачје на Градскиот плоштад „Слобода“, како донација од бизнисменот Славе Иванов. Александар поставен на темен мермерен постамент, со мечот и штитот со Сонцето на Виргина, што е уште еден проблематичен симбол што треба да се острани, во духот на Преспанскиот договор.
Според информациите од Општината Штип, споменикот, вклучувајќи го и штитот со Сонцето на Виргина, нема да претрпи промени, туку ќе биде поставена само плочката со објаснување.
Што се однесува до шахитете и другата инфраструктура на јавните површини, од Општината соопштуваат дека нема ништо за отстранување, освен тука и таму понекоја декорација на приватен имот, што не е опфатено со Договорот.