Службеното возило на министерот за култура учествуваше во сообраќајка – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/19 7:53 PM

Службеното возило на министерот за култура учествуваше во сообраќајка

Без повредени лица, но со материјална штета поминала сообраќајна незгода попладнево на автопатот Тетово – Гостивар во која неофицијално во едно од возилата патувал министерот за култура Хусни Исмаили кој живее во Тетово. Сообраќајката се случила околу 16.30 часот во близина на тетовската наплатна рампа.

– Се случила сообраќајна незгода во која учествувале возило „пасат” во кое имало две лица и камион-влекач управуван од Е.К (55) од Гостивар. „Пасатот” е со скопски регистарски таблички, сопственост на Владата, а камионот со гостиварски ознаки. Немало повредени, но е предизвикана материјална штета, информираат од СВР Тетово.По сообраќајниот инцидент започнат е увид од  полициски службеници.

Со соопштение се огласи и Министерството за култура, со истите информации, како и од СВР Тетово, додавајќи дека сите учесници се во добра здравствена состојба, единствено е причинета  материјална штета.