Најавена ревитализација на Езеро Младост – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/19 7:49 PM

Најавена ревитализација на Езеро Младост

Од акционен план за расчистување на теренот и пошумување, формирање на координативно тело во кое ќе учествуваат Општина Велес, територијалната противпожарна единица, подружницата на Шумско стопанство “Бабуна“, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ЈКП „Дервен“ како  организирање на масовна акција за пошумување, отворање на донаторска сметка, отворање на 24 часовен кампинг и надзор на локалитетот Езеро Младост како и поставување на хидранти, на повеќе локации на локалитетот, се состојат активностите кој се дел од мерките што Советот на Општина Велес ги усвои за ревитализирање на опожарениот брег на велешко „Езеро Младост“ ..

Овие мерки се дел од иницијативата што вчера, на 29 август, доцна попладнето, ја усвоија членовите на Советот на 39 седница откако претходно го разгледаа извештајот за целокупната состојба настаната со пожарот што го зафати велешко езеро.

Новонастанатата состојба и особено препораките на премиерот Зоран Заев за промена на приоритетите на општините од кои очекува поголема грижа за заштита на животната средина и кадровско зајакнување со техничко доопремување на Територијалните противпожарни единици се причина за градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, да одлучи годинава во Велес да не се организира културната манифестација Фестивал на пити и вино.

Градоначалникот Коцевски очекува од Советот на Општина Велес иницијативата да ја прифати веќе на наредната седница.