Собранието ќе избира министри, заменици-министри и вицегувернер – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/19 7:32 AM

Собранието ќе избира министри, заменици-министри и вицегувернер

Собранието на Република Северна Македонија денеска на 110-тата седница треба да избере двајца нови министри и тројца заменици министри што ги предложи премиерот Зоран Заев.

Нина Ангеловска е предложена за нов министер за финансии, а Хисен Џамаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима.

За заменик министер за економија е предложен Кирил Колемишевски, за заменик министер за образование и наука Елизабета Наумовска, а Неџад Мехмедовиќ за заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Пратениците на денешната седница треба да изберат и нов вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија, за што е предложен Фадил Бајрами.

МИА