Снабдувањето на германскиот Бундесвер од поодамна е во лоша состојба – авиони не летаат, тенкови не возат, пушки не пукаат. Проблеми има дури и со основната опрема – на војниците им недостасуваат и обувки. Иако Минстерството за одбрана на Германија уште во 2016 година планираше целосно да ја обезбеди војската со нови обувки, процесот се развлекува.
Од Министерството се соопштува дека 160.000 од 183.000 војници добиле прв чифт тешки војнички чизми, меѓутоа уште го нема вториот чифт чизми. Само 31.000 војници, пак, добиле лесни чизми. Заменувањето на обувките што се користат во текот на цела година (два чифта тешки и еден чифт лесни воени обувки) планирано е уште од 2016 година.
„Тоа не е прашање на мода, туку на безбедноста. Замислете пожарникарите да гасат пожари во папучи“, рече политичарката Штрак Цимерман.