Од наредната година се очекува да се појават платежни картички кои наместо четирицифрен пин ќе имаат вграден читач за отпечаток од прст – објави Медиумската информативна агенција.
Со платежните картички на новата генерација треба да се подигнат на повисоко ниво ефикасноста за плаќање и безбедноста, наведува британскиот Би-Би-Си Клик. Овие картички не се разликуваат од стандардните, ниту бараат каков било вид на напојување, бидејќи неопходната енергија ја добиваат од електронскиот апарат за наплата, на кој се допираат.
Потребно е претходно картичката да го сними отпечатокот од прст од различни агли. На тој начин никој не може да ја употреби, ниту да ја фалсификува.


