Бразилските власти ја испраќаат армијата во помош за гаснење на пожарите во Амазонија – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/19 12:48 PM

Бразилските власти ја испраќаат армијата во помош за гаснење на пожарите во Амазонија

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро им нареди на вооружените сили да помогнат во гаснење на големите пожари во Амазонската прашума – белите дробови на светот, јави Би-Би-Си.

Трупите ќе бидат распоредени во природни резервати, домородни територии и погранични области во регионот – одлучи Болсонаро по силниот притисок на европските лидери. При тоа, тој ги искритикува реакциите на меѓународната заедница, велејќи дека пожарите „не можат да се користат како изговор“ за санкциите.

Франција и Ирска се заканија дека ќе блокираат договор за слободна трговија меѓу ЕУ и земјите на Меркосур (Бразил, Аргентина, Уругвај и Парагвај) доколку Бразил не ја заштити Амазонската прашума во која моментно беснеат пожари.

Според францускиот претседател, Макрон рекордниот број пожари во Амазонската прашума е „меѓународна криза“ што треба да биде на врвот на агендата на самитот Г7 во Франција овој викенд.