Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека би можел да ја испрати војската да се избори со огнената стихија во Амазонија.
„Тоа е планот“, рече Болсонаро, по зголемениот притисок на меѓународната заедница за справување со рекордниот број пожари во Амазонија.
Болсонаро не прецизираше кога точно оружените сили ќе се вклучат во гаснењето, туку само рекол дека тоа може да биде многу брзо.