Шпанскиот актер, оскаровецот Хавиер Бардем (50), сопруг на холивудската дива Пенелопе Круз во говорот кој го одржа во понеделникот во ОН ја пофали младата активистка Грета Тунберг, која се залага за заштита на климата нарекувајќи ја составен дел од општествените промени.
Гласот на 16-годишната Швеѓанка е значаен во дискусиите за климатските промени токму поради нејзината возраст, знаење и посветеност, рече тој. Тунберг е инспирација за нејзината генерација затоа што, повикувајќи на протести, предупредува на опасностите од климатските промени, рече актерот.
Гласниот поборник за заштита на животната средина, Бардем, зборуваше во ООН како претставник на „Гринпис“, кој се залага за договорот за океаните да се дискутира во Обединетите нации.