Шпанскиот град Барселона настојува да ја ограничи изградбата на хотели, Музејот Лувр во Париз во мај оваа година не работеше поради напливот на туристи, а холандскиот град Амстердам започна кампања за да ги спречи туристите да пијат и уринираат по улиците.
Овие три града се помеѓу десетте најпосетени европски градови. Оваа лето изразија загриженост поради експресниот раст на изнајмување станови преку интернет платформата Airbnb.
Шпанија и понатаму е жариште на европскиот туризам со регистрирани 300 милиони ноќевања. Следуваат Велика Британија со 279 милиони, Франција со 133 милиони, а после нив се Грција, Австрија, Германија и Хрватска.
Повторно според бројот на ноќевања, најпопуларни дестинации во ЕУ се Канарските острови (93 милиони ноќевања), хрватското приморје (77 милони) и островите во Шпанија (64 милиони).
ЕУ вкупно нуди дури 31 милиони кревети за туристите.
Преземено од: www.kajgana.com