Русија првпат испрати робот во вселената: Фјодор извика – „Одиме, одиме!“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/19 12:48 PM

Русија првпат испрати робот во вселената: Фјодор извика – „Одиме, одиме!“

Од космодромот Бајконур во Казахстан утринава е лансирана ракетата-носач „Сојуз-2.1а“. Хуманоидниот робот Фјодор при полетувањето на бродот „Сојуз МС-14“ извика: „Одиме, одиме, повторувајќи ја познатата фраза на Јуриј Гагарин.

По осум минути и 49 секунди бродот излезе во орбитата и тргна кон Меѓународната вселенска станица. Од тој момент роботот Фјодор може да се смета за космонаут зашто ја премина условната граница од сто километри над земјата.