Српска манекенка останала парализирана на имот на милијардер – бара повеќемилионска отштета – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/19 11:00 AM

Српска манекенка останала парализирана на имот на милијардер – бара повеќемилионска отштета

Српската манекенка Симона Андреиќ (25) поднела повеќемилионска тужба против милијардерот Чин Чу (53) откако била тешко повредена од пад на жичница на неговиот имот во Верчестер. Андреиќ со колешките, исто така модели, на повик на Чу отишле на неговиот имот. Додека се возела на жичницата, во еден момент корпата силно ударила во дрво. Од силината на ударот, таа завршила на дрвена платформа на 50 метри над земјата. Дури два часа врескала, додека да пристигнат итните служби и да ја симнат.

Манекенката ја скршила карлицата и цел живот ќе биде во количка. Веста ја пренесуваар „Дејли меил“ и други светски медиуми.

Чу, кој со семејстото во 1975 година избегал од родниот Виетнам, и’ понудил да го користи неговиот „ролс ројс“ и рекол оти ќе се погрижи за се’ останато. Андреиќ, која на модните писти носела модели и на „Гучи“, „Долче и Габана“, „Диор“, ја отфрла  понудата на милијардерот месечно да и’ плаќа по неколку илјади долари, по што Чу и’ се заканил дека ќе престане да и’ ја плаќа медицинската нега и ќе ја исели од хотелот во кој тој и’ ја плаќал сметката. Манекенката ангажирала моќен адвокат и ќе бара висока отштета.