Хрватска: Во Книн 15 маскирани во кафуле нападнале гости што гледале фудбалски натпревар на „Црвена ѕвезда“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/19 10:56 AM

Хрватска: Во Книн 15 маскирани во кафуле нападнале гости што гледале фудбалски натпревар на „Црвена ѕвезда“

Синоќа во кафуле во Книн, Хрватска, биле нападнати луѓе што во објектот гледале фудбалски натпревар на белградска „Црвена ѕвезда“ во квалификациите за Лигата на шампионите.

Притоа, повеќе луѓе биле повредени, потврдуваат порталите „Ферал њуз“ и „Далмација данас“, а пренесуваат и други хрватски и регионални медиуми. Во болница биле однесени петмина, меѓу кои и деветгодишно дете.

„Ферал њуз“ пишува дека за време на мечот што се играл во Берн, во кафулето „Бифе Петко“ влегле петнаесетина маскирани лица и ги нападнале гостите што на телевизија го следеле натпреварот. Меѓу гостите имало и жени и деца. Сопственикот на локоалот добил шише по глава, а неговата сопруга завршила со повредена нога.

Полицијата трагала по напаѓачите, а имала индикации дека не биле од Книн и од околината.

Сличен инцидент на меѓунационална основа синоќа за време на фудбалскиот меч имало и во друг локал кај Книн, но таму се’ завршило без повредени.