„Ла Верита“:Јанева „громобран“ за инволвирани судии и политичари во Рекет – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/19 8:46 AM

„Ла Верита“:Јанева „громобран“ за инволвирани судии и политичари во Рекет

Весникот „Ла Верита“ и новинарот Ларис Гајсер денеска ликуват дека успеале да одиграат корисна улога за општо добро на македонските граѓани. Во написот каде јавуваат дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е во притвор по серијата објавени снимки, весникот предупредува дека продолжува директна контрола од страна на државниот врв врз активностите околу изнудувањето. При тоа, новинарот го изнесува впечатокот од вчерашната прес конференција на јавниот обвиниел Јовески и јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Рускоска, каде оценува Гајсер, се почувствувало дека Рускоска силно инсистира оти  е потребно Јанева да биде притворена.

-Со оглед на тоа што Вилма Рускоска точно еден месец, зборувајќи за колешката Јанева, подвлекуваше јавно дека не гледала никаков мотив Катица Јанева да избега или да се гони. Сега на сите им е јасно дека се до нашата интервенција овој материјал не бил земен сериозно предвид од страна на обвинителскиот врв предводен од Рускоска, жената којашто не случајно Зоран Заев сакаше да го земе местото на Катица Јанева и да продолжи со работа. Доказ за тоа дека Зоран Заев во Македонија го контролира и судскиот систем, дел од новинарскиот и секако политичкиот, се фактите коишто следуваа во последниве денови. Семоќниот човек се обиде да ја дискредитира нашата работа, секогаш посветена кон потрага по вистината, обвинувајќи нè дека сме сакале да го саботираме патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Неговите обвинувања се распаднаа како кула од карти со оглед на тоа што е потврдено дека нашиот весник од секогаш ги бранел северноатлантизмот и здравиот европеизам како важни вредности во општеството. Но, фактот дека тој (Заев) манипулира како ќе посака со судскиот систем го потврди, по психолошкиот пресврт во Македонија,  по нашите откритија, ексминистерот за правда од редовите на ДУИ, Блерим Беџети, којшто рече дека во минатото Заев често пати му барал да влијае на членовите на Судскиот совет со цел да изберат нов претседател на важен суд, поприлагодлив на барањата на премиерот, пишува Гајсер во „Ла Верита“.

Новинарот Гајсер во неговиот денешен осврт за вчерашните случувања во Македонија пишува дека Катица Јанева изгледа е осудена да стане „громобран” за сите оние судии и политичари, кои се инволвирани во скандалозниот систем за изнуда и погрешно раководење со државата за време на мандатот на Заев.

-Орце Камчев потврди, а тоа беше потенцирано и од нас, дека првите докази против Јанева беа презентирани пред повеќе од еден месец, пред приведувањето на Боки13. Повеќе од еден месец на Јовески, а посебно на Рускоска, им беше потребно да побараат притвор за специјалната јавна обвинителка. Еден месец во кој можеа да бидат уништени докази, да се влијае врз фактите и врз сведоците. Јасно е дека целиот овој систем би можел да биде објективно критикуван најмалку за негрижа, ако не и за малициозно соучесништво“, пишува Гајсер.