Затворен за сообраќај булеварот кај Бит Пазар – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/19 7:41 AM

Затворен за сообраќај булеварот кај Бит Пазар

Од денеска ќе биде затворен за сообраќај булеварот „Крсте Петков-Мисирков“ односно делницата во правец на Бит пазар, од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до клучката Детелинка.

Делницата ќе биде затворена од 08:30 часот денеска до 08:30 часот утре, а причината е асфалтирање на патот.

Автобуските линии ќе бидат пренасочени кон Скопскиот саем и клучката Континентал и назад кон клучката Детелинка.

Од ЈСП Скопје информираа дека линиите 2, 16, 43 и 50 од крстосницата на бул. „Гоце Делчев“ со бул. „Крсте Мисирков“, наместо да свртат лево, ќе продолжат право кон Скопски саем и од постојката кај хотелот „Континентал“ ќе продолжуваат по своите редовни траси.

Линиите 8, 17, 19, 26, 57, 57А и 59 од крстосницата на бул. „Гоце Делчев“ со бул. „Крсте Мисирков“, наместо да свртат лево, ќе продолжуваат право кон клучката Континентал, од каде ќе излегуваат на бул. „Александар Македонски“ и од клучката Детелинка ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Линиите 9, 20, 35, 47, 47А, 61, 71 и 81 од крстосницата на бул. „Крсте Мисирков“ со бул. „Гоце Делчев“, ќе вртат десно кон Скопски саем, па кон клучката Континентал, од каде ќе излезат на бул. „Александар Македонски“, а од клучката Детелинка ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Линиите 45, 52, 53, 54, 55, 55В, 62, 63, 63А, 65, 65А, 65Б, 65В, 66, 66А и 68 од крстосницата на бул. „Крсте Мисирков“ со бул. „Гоце Делчев“, ќе вртат десно кон Скопски саем и од постојката кај хотелот „Континентал“ ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Во обратен правец, посочените линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.