Според Бранко Героски, доколку се докаже дека е виновна, на Катица Јанева ѝ следуваат минимум 3 години затвор. Новинарот вели дека обвинителката е осомничена за прибавување имотна корист во значителен обид од 1.5 милиони евра, а мебелот е споредна работа.
,,Дечки, ај да појасниме на време. Катица е осомничена за кривично дело Злоупотреба на службена положба по член 353 став 3 вв став 1 од КЗ на РМ.Станува збор за прибавување „имотна корист во значителен износ“ од 1,5 милиони евра. За ова дело запретена е затворска казна од најмалку 3 години.Од прибавената имотна корист за себе зела мебел што и го набавил еден од осомничените, пишува Героски.