Марко Пејчиновски ќе плива триаголник Охрид – Св. Наум – Струга – Охрид – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/19 2:46 PM

Марко Пејчиновски ќе плива триаголник Охрид – Св. Наум – Струга – Охрид

Младата охридска спортска ѕвезда Марко Пејчиновски го најави својот нов подвиг планиран за 28. август на празникот Голема Богородица. Марко одлучи да го плива триаголникот Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид во Охридското езеро, а подвигот, како што најави претходно, го посветува на лицата со ретки болести!

„Здраво, конечно, сакам и јас нешто да објавам на мојата фан страна. После испливани преку 1000 км, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, браној, дожд, ладно и топло време, ОФИЦИЈАЛНО ви кажвам дека на празникот ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, јас ке пливам од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид.

Се глеаме на целта. Господ да ни поможит, мене и на сите!

П.С. Поздрав од мама, ве чекат на нервно, да ја посетите со сок и чоколада, без гаранција дека ќе ве препознајт“, напиша Марко на неговата фан страница на Фејсбук.

13-годишниот Марко Пејчиновски, минатата година за девет часа во еден здив успеа да го преплива Охридското Езеро од Св. Наум до Охрид. Тој е најмладиот пливач кој ја препливал оваа делница, што го сместува меѓу легендите на пливачкиот спорт. Успехот на Марко е дотолку поголем ако се има предвид дека има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.