Продолжува сончевото и топло време – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/19 7:02 AM

Продолжува сончевото и топло време

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло од вчера, со мала локална облачност и со слаб до умерен североисточен ветар. Максималната температура ќе достигне до 38 степени – во Дојран и во Гевгелија.

Во Скопје се очекуваат 36 Целзиусови степени, во Битола и во Штип по 34, Охрид – 31, Маврово – 30, Берово – 31, Кавадарци 37…