Власта го пролонгира проблемот со африканската чума, реагира ВМРО-ДПМНЕ – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/19 4:12 PM

Власта го пролонгира проблемот со африканската чума, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Времен прекин на промет со свињи на сточните пазари. Ова го предлага опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која со писмено соопштение реагираше на владината најава дека ќе се преземат радикални мерки против болеста африканска чума. Откако беше најавено дека во рок од 10 дена 4000 диви свињи ќе треба да бидат застрелани, а околу 18.000 домашни заклани, опозицијата реагираше дека Владата не го решава, туку  го пролонгира проблемот.

Од ВМРО-ДПМНЕ предлагаат  отстрелот на диви свињи да се одвива согласно годишните планови за отстрел на дива свиња за секое ловиште, а секоја отстрелана дива свиња над планираното, да биде покриена од страна на државата по претходно утврдена пазарна вредност.

Опозицијата исто така предлага и строга контрола на граничните премини при внес на животински продукти во багажникот на патниците, но и засилена контрола на целата гранична линија на Република Македонија со Република Србија и Република Бугарија.

Постојан мониторинг за присуство на вирусот во легалниот промет на репроматеријали, како и земање мостри од добиточната храна во промет – исто така е меѓу решенијата кои ги предчагаат опозиционерите, кои и’порачаа на власта дека може да и’ помогнат доколку е нестручна.