Повредени двајца работници во Скопје кои паднале од висина – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/19 9:30 AM

Повредени двајца работници во Скопје кои паднале од висина

Еден од работниците од падот завршил со тешки телесни повреди, додека вториот има полесни повреди. Случајот е пријавен во СВР Скопје, вчера на пладне дека  во комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле донесени Б.С.(34) од Свети Николе и А.В.(31) од Скопје, двајцата вработени во фирма во Скопје, кои се здобиле со повреди од пад од висина.

Кај Б.С. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај А.В. телесни повреди. За настанот бил известен трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.