Цел ден вчера се’ до пред полноќ траеше борбата со огнот со шумските пожари во скопскиот регион. Доцна синоќа се изгаснати шумските пожари во селата Љубин и Кондово, Општина Сарај, што беа активни во текот на вчерашниот ден. Во моментов нема активни пожари во Скопје и околината.
Во Кондово огнот бил изгаснат синоќа во 23.30 часот, а во Љубин во 22.10 часот, каде пожарникарите беа на терен повеќе од 14 часа.
Од Противпожарната единица на Град Скопје апелираат граѓаните да бидат внимателни кога се на отворен простор.