И Инстаграм најави воведување на опција која на корисниците ќе им овозможи да ја означат содржината за која сметаат дека е лажна и така да ги направи невидливи за другите корисници, пренесува порталот „Seebiz“.
Иако Инстаграм не се среќава со толку лажни објави како што тоа е случај со Фејсбук, аналитичарите истакнуваат дека можеби и најефикасна социјална мрежа во ширење на лажни информации, пренесува Танјуг.
Иако објавувањето на лажни информации на Инстаграм не е забрането, нивното означување е првиот чекор кој Инстаграм го презема во борбата против лажните евсти и невистинитите информации кои се шират на социјалните мрежи.