Пијан маж демолирал угостителски објект во Лозово – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/19 1:59 PM

Пијан маж демолирал угостителски објект во Лозово

Полицијата не ја соопштува причината зошто маж лудувал и кршел инвентар во угостителски во село Лозово, констатиран е само инцидентот.

На 18.08.2019 околу 00.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект во Лозово, С.Ј.(25) од с. Каратманово -Лозово  го кршел инвентарот и му се заканувал на синот на сопственикот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.