Институциите го кријат пукањето во Мала Речица каде беше повреден синот на претеникот Адеми  – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/19 1:12 PM

Институциите го кријат пукањето во Мала Речица каде беше повреден синот на претеникот Адеми 

Осомничени, обвинети постапки кои се во завршна фаза, се информации кои медиумите ги добиваат за инцидентите при пукање на свадбени веселби во полошко каде гостите завршуваат со повреди од огнено оружје. Но за инцидентот на 30 јули годинава каде на свадба беше повреден синот на пратеникот Џеват Адеми, надлежните засега даваат само штури информации.

Засега надлежните немаат никого осомничено за инцидентот кој се случи на 30 јули годинава кога на свадба во Мала Речица беше пукано со огнено оружје при што беше повреден синот на пратеникот на ДУИ Џеват Адеми и негов близок роднина.

Иако имало пукање со повеќе кушуми надлежните по инцидентот изјавија дека како доказ кој пукал на свадбата ќе биде куршумот кој завршил во градите  на Дваесет и седумгодишниот Адријан Биљали роднина на Адеми.

Но и овој куршум барем засега нема да биде употребен како доказ.

Директорот на Торакална хирургија Неџати Јакупи, инаку поранешен пратеник и министер за животна средина од ДУИ, за Плусинфо изјави дека локацијата на куршумот е таква што не дозволува хируршка интервенција, односно дека доколку се пристапи кон вадење на куршумот може да се загрози животот на Биљали. Јакупи додава дека куршумот не го загрозува животот на пациентот.

Од тетовското Обвинителство велат дека се работи на случајот и чекаат МВР да ги заврши вештачењата на доказниот материјал.

Неофицијалните информации говорат дека на свадбата пукал пратеникот на ДУИ Џеват Адеми, затоа и институциите не даваат никакви информации и го кријат овој случај за да се заштит пратеникот од ДУИ која е дел од власта. Пратеникот Адеми ваквите информации ги негирал и во полицијата и во обвинителството.

 За разлика од овој случај осомничени, обвинети постапки кои се во завршна фаза, се дел од информациите кои медиумите ги добиваат за инцидентите при пукање на свадбени веселби во полошко каде гостите завршуваат со повреди од огнено оружје.