Кичеец и пензионерката Тодоровска на распит во обвинителството – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/19 11:44 AM

Кичеец и пензионерката Тодоровска на распит во обвинителството

Пензионерката Лилјана Тодоровска изутринава била на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција да даде исказ за случајот „Рекет“.
Таа е потписничка и автор на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Боки 13, а стана актуелна кога се дозна дека подигнала 720 илјади евра врз основа на договорот на Меѓународниот сојуз Скопје и ГП Пелистер, пишува А1он.мк.
По апсењето на Боки 13, таа се правдаше дека 720-те илјади евра и биле земени уште во банка од претставнциите на Меѓународниотсојуз , но засега е нејасно каде завршиле со оглед на тоа што од проектот нема ништо.

Во Обвинителството на распит бил и Зоран  Милески Кичеец, кој заедно со Боки 13 беше уапсен при обид да ја напушти државава, но и е во друштво на Бојан Јовановски кога со еден милион евра заминуваат од домот на Орце Камчев.