Одржана прекуграничната средба „Балкан без граници“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/19 10:46 AM

Одржана прекуграничната средба „Балкан без граници“

Некои со џипови, некои со патнички возила, други со кроз кантри мотори а некои дури и пеш по маршутата долга 20 километри дојдоа на крајната линија што ги спојува Македонија и Бугарија кај Косевица. Неколку стотици граѓани од Македонска Каменица, Кочани, Виница, Делчево и поширокиот источен регион изминатата недела присуствува на првата прекуганична средба „Балкан без граници“  што во организација на ЕД „Здравец 2002“ од Македонска Каменица, се одржа на граничната линија со Република Бугарија кај Сива Кобила (1416 н.м.в) во село Косевица. Поканетит гости од Бугарија не успееја да стигнат поради административни проблеми околу тамошните законски регулативи и останаа без дозвола за движење во пограничниот појас. Единствен начин да присуствуваат на настанот беше да пристигнат преку Граничниот премин „Делчево“.

Градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова која ја поздрави оваа иницијатива и организација од страна на ЕД „Здравец 2002“.

-Македонска Каменица ќе се најде на мапата за посети, кај многубројни ентизијасти и планинари од регионот и Република Бугарија. Македонска Каменица има одлично искуство во организирање на вакви средби од досегашната прекугранична средба на врвот Руен (2252), која се одржува повеќе од една деценија, рече Соња Стаменкова, градоначалник.

Организаторот на средбата и претседател на ЕД „Здравец 2002“ од Македонска Каменица, Миран Митревски наведе дека е презадоволен од одзивот за денешниот собир.

-Сива Кобила е прв пат на мапата на прекугранични средби. Во изминатите 15 години, ЕД „Здравец 2002“ е дел од организацијата на неколку прекугранични средби, што како искуство е доволно за овој настан да прерасне во една поголема манифестација, значајна како за населението за двете страни од границата, така и за општина Македонска Каменица, како туристичка дестинација за поширокиот регион, кажа Митревски.