– Астронаутите на НАСА можат да сметаат на функцијата федерален службеник ГС-15, што во војската е еквивалентно на полковник или капетан на воена морнарица. Годишната плата е околу 155.000 евра – вели Скот Кели, поранешен астронаут на НАСА.
Тој објаснува дека при приклучувањето во одредот на астронаути на НАСА војниците остануваат во воена служба, поради што примаат иста плата како во војска. Во суштина, астронаутот-војник добива малку поголема плата од своите колеги бидејќи дел од неговите приходи не се оданочува.
Освен тоа, на астронаутите им се платени осигурување и одмор, а имаат и бенефициран работен стаж.
Овој американски астронаут во вселената поминал вкупно 522 дена и 10 часа, а летал четири пати. Пред НАСА, Кели служел во морската авијација во Атлантскиот Океан, Средоземното и Црвеното Море и во Персискиот Залив. Подоцна станал пилот. Сега Кели има 55 години и е капетан од прва класа на воена морнарица. Во април 2016 година дал отказ од НАСА.
Преземено од: www.fakulteti.com.mk