ВМРО ДПМНЕ: Азмоски рекетиран од Боки 13 со 260.000 евра – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/19 8:40 AM

ВМРО ДПМНЕ: Азмоски рекетиран од Боки 13 со 260.000 евра

Од  ВМРО-ДПМНЕ се соменваат дека еден од рекетираните бизнисмени бил Адријан Азмоски, коинвеститор во урнатиот објект „Космос“, кој платил 260.000 евра на хуманитарната фондација на првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13, а потоа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева повлекла обвинение против него.

„Во март 2017 година е поднесен обвинителен акт од ОЈО против Адријан Амзоски и фирмата „ФИНЕ“ ДОО Скопје поврзана со изградбата на објектот „Космос“ каде што Адријан бил инвеститор. Само една недела по доаѓањето на власт на СДСМ во јуни, Боки 13 го отвора „Меѓународен сојуз“ и на самото отворање се редат сите инволвирани во случајот „Рекет“. Катица Јанева откако добива надлежност без никакво образложение, без ниту едно рочиште, го повлекува обвинителниот акт врз Адријан Амзоски. Сето ова докажува дека постои шема од Катица Јанева, Заев и останатите за да се вршат притисоци и да се рекетираат пари“, соопштуваат од  ВМРО ДПМНЕ.