Истанбул под вода, еден загинат – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/19 7:56 PM

Истанбул под вода, еден загинат

Поројни врнежи го погодија турскиот град Истанбул, а поплавени се улиците и подрумите, а пореметен е железничкиот и траектниот сообраќај. Медиумите јавуваат за еден загинат човек, чие тело било пронајдено во поплавен подвозник. Еден автомобил паднал во јама поради одрон на патот, но патниците во него не се повредени.

Дождот речиси го прелеало и морето, поради што поплавен е голем дел од градот, како и историската Капали Чаршија, бројни продавници и улици. Локалните власти наредија прекин на траектниот сообраќај низ Босфор, укинати се и неколку линии на метрото.

Според метеоролозите, дождот се очекува да престане во текот на ноќта.