Производителите на ориз од кочанскиот регион претпладнево излегоа на двочасовен протест и со земјоделска механизација во селото Облешево ја блокираа едната коловозна лента од магистралниот пат Кочани – Штип.
На тој начин, како што рекоа, го изразуваат незадоволството што ресорното Министерство се уште не им ги исплатило парите од интервентната мерка за предадена оризова арпа.
Минатата година ни беше ветено дека до 30 мај годинава ќе добијат по пет денари од килограм арпа, како дополнителна поддршка за ниските откупни цени.
Производителтие на ориз нагласија дека денешниот протест е предупредувачки и ако не ги добијат парите, ќе следуваат поризгорозни мерки за искажување на незадоволството.