„Не сум експерт за криминал“, рече обвинителката Лиле Стефанова, откако новинарот на 21тв ја праша дали е правилно обвинител да комуницира со осомничен во предмет, повикувајќи се на случајот во кој Специјалната јавна обвинителка Јанева, комуницирала со бизнисменот и осомничен во случајот „Империја“, Орце Камчев.
На прашањето дали ја изневериле јавноста, обвинителката одговори дека за се’ ќе мора да се праша нејзината шефица во заминување Катица Јанева.
Стефанова вели дека вчера не била во СЈО и не се знае дали имало претреси по нареда на Јанева.