Еве каде може да ве измамат: Земји кои имаат најнесигурни веб-страници – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/19 3:13 PM

Еве каде може да ве измамат: Земји кои имаат најнесигурни веб-страници

Три проценти од веб-страниците имаат доверба под 30 проценти, според глобалната анализа на 22,5 милиони веб-страници на дигитални продавници.

Тоа го утврди Scamadviser.com.

Анализите се направени врз основа на нивната база на податоци.

Утврдено е дека 13 проценти од анализираните веб-страници имаат доверба под 70 проценти.

Scamadviser.com ја изврши проверката со својот алгоритам кој користи 40 независни извори на податоци.

Над 2,5 милиони клиенти месечно користат Scamadviser.com за да ја проверат точноста на веб-продавниците.

Се проверува IP адресата на веб-серверот, достапност на контактите на веб-страницата, оценката на корисниците за веб-локацијата и оатанато. Инаку, Scamadviser.com ги предупредува потрошувачите не само за измамите во дигиталното купување (веб-страници кои никогаш не испорачуваат стока), туку и на фишинг страници, озлогласени спамери и интернет продавниците на кои се продаваат лажни производи.

Глобалниот национален просек е дека два до три проценти од интернет-страниците имаат доверба во онлајн продавниците под 30 проценти и седум до осум проценти под 70 проценти.

Освен неколку многу мали земји – Еритреја, Тувалу, Бенин и Есватини, Кина има најнесигурни веб-страници (12 проценти), а потоа следат САД со девет проценти.

Меѓу поголемите земји, Грција, Унгарија, Аргентина и Данска се земјите со најмал број интернет-измами.

Во такви земји темелно се проверуваат веб-страниците кои бараат ознака од националниот домеин.

Извор: denar.mk