Дваесет годишниот Д.М од демиркапиското село Бистренци е пронајден мртов во водите на реката Вардар. Тој вчера околу 14 часот влегл во реката да се разлади додека ги напасувал своите говеда, но откако подолго не се вратил дома најблиските и селаните започнале потрага по него.
Од полицијата потврдуваат дека мртвото тело на момчето е извадено од Вардар, а телото било предадено на обдукција.
„Вчера во 21.00 часот во Полициската станица – Неготино пријавено е дека лицето Д.М.(20) од с.Бистренци кој дента ги пасел кравите не се вратил дома. Последен пат е виден околу 14.30 часот покрај Вардар од друг човек со кого заедно ги паселе кравите и на кого, кога се разделувале, му кажал дека ке оди да се искапе во реката. Во 21.00 часот кај м.в. „Лагот“ покрај реката се пронајдени алишта и мобилен телефон кој припаѓале на исчезнатиот. Утрово околу 10.00 часот во Вардар е пронајдено телото на починатиот кое, по наредба на обвинителството е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје“ вели портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
На местото на несреќата извршен е увид.
Ангел Данов