Пронајдено е мртво момчето што вчера исчезна во демиркаписко – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/19 9:52 AM

Пронајдено е мртво момчето што вчера исчезна во демиркаписко

Дваесет и едногодишно момче од демиркапиското село Бистренци е пронајдено мртво во водите на реката Вардар.  Тоа вчера околу 14 часот влегло во реката да се разлади додека ги напасувало своите говеда, но откако подолго не се вратило дома најблиските и селаните започнале потрага по него.

Од полицијата потврдуваат дека мртвото тело на момчето е извадено од Вардар, а телото било предадено на обдукција. Официјална информација од СВР Велес најавуваат за покасно.

Алиштата и телефонот на удавеното момче биле пронајдени покрај реката. Но цела вечер потрагата по него била безуспешна, кажуваат жителите.

Ангел Данов