Без присуство на градоначалникот Рамиз Мерко, струшките советници денеска го изгласаа Мораториумот за градба и Акцискиот план за спроведување на препораките на УНЕСКО.
И покрај тоа што од општина Струга потенцираа дека мал е бројот на дивоградби советниците тврдат дека градежната инспекција има донесено илјадници решенија за отстранување на бесправно изградените објекти.
Според акциониот план, планирано е целосно затворање на градската депонија до средината на 2020-та, до изградба на регионалната депонија, а чистењето на сите диви депонии е со рок до крајот на 2020.
Акциониот план на Струга го опфаќа и враќањето на нелегално изградените плажи на потегот од Струга до Калишта од заштитениот појас во првобитна состојба, што пак, треба да се случи до мај 2020-та.
Општината Охрид акцискиот план, според препораките на УНЕСКО, како и мораториумот за градење ги донесе пред седум дена.