Пол Сколс смета дека играчот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, е манчестеровата верзија на Тиери Анри.
Анри беше страшно доминантен играч кој играше во врвот на нападот, но неретко завршуваше на лево крило, позиција која подоцна стандардно ја играше во Барселона.
Легендата на Јунајтед гледа голем потенцијал во Марсијал и смета дека може да стане новиот Анри, но секако како играч на „Ѓаволите“.
„Не е погрешно тоа што Марсијал се извлекува на лево крило. Па Анри тоа го правеше речиси цела своја кариера“, изјави Сколс и додаде:
„Тој ги почнуваше мечевите во врвот на нападот, а постојано беше на крило. Тоа го прави и Марсијал. Така што тоа го гледам како добра работа доколку тој заврши како Анри, а јас сметам дека тој тоа го може“, заклучи Пол Сколс.
Извор: sportclub.mk