Стручњаците за школки пишуваат дека во нутритивен смисол тие се вреден извор на многу микронутриенти, а воедно се и нискокалорични.
Во просек содржат само 40 – 80 kcal во 100 г јадлив дел од школка. Обезбедуваат високовредни белковини и имаат добар профил на масти. Иако се во принцип сиромашни со масти, тие се вреден извор на омега-3 масни киселини кои имаат благотворно дејство на здравјето на срцето и крвните жили.
Важно е да се знае дека термичката обработка на школките нема да ги уништи биотоксините бидејќи се тие термостабилни, а со термичка обработка се уништуваат само бактериите. Сите школки се потенцијално опасни, а особено внимание треба да се обрне на дагњите, срчанките, капиците, вонголите и камениците.
Труењето со школки го предизвикува групата отрови кои потекнуваат од планктонските алги со кои школките се хранат. Тие метаболизираат и постепено ја зголемуваат вкупната количина на отрови.
Консумирањето на контаминирани школки доведува до многу широк распон на симптоми, зависно од видот на присутниот токсин, неговата концентрација во школките и количината на школки кои се консумирани.
Парализирачко труење со школки
Го предизвикуваат дваесетина видови отрови, а симптомите на труење се јавуваат многу брзо, во рамките на триесет минути до два часа по консумирањето на школките, зависно од тоа колкава количина на отров е консумирана. Симптомите се претежно невролошки и вклучуваат чувство На штипкање, пецкање, затапеност, поспаност, отежнат говор, респираторна парализа.
Во потешките случаи, како последица од респираторна парализа, можна е смрт од гушење, доколку не се пружи навремена помош. Ако се даде соодветна помош во рамките на 12 часа, доаѓа до целосно опоравување, без последици.
Неуротоксично труење со школки
Симптоми се јавуваат во период од неколку минути до неколку часа, а можат да траат од неколку часа со неколку дена. Го карактеризираат гастроинтестинални и невролошки симптоми, вклучително и трнење и затапеност на усните, јазикот и грлото, болка во мускулите, мачнини, пореметување на чувството за топло и ладно, пролив и повраќање.
Труење со школки со последично губење на помнењето
Труењето го карактеризираат гастроинтестинални симптоми во рамките на 24 часа; невролошки симптоми се појавуват во рамки од 48 часа.
Труењето е особено опасно кај повозрасни лица и вклучува симптоми на Алцхајмерова болест. Симптомите се гастроинтестинални: повраќање, пролив, болка во стомакот и невролошки: збунетост, губење на помнењето, дезориентација, кома.
Дијареично труење со школки
Важен и доста зачестен тип на труење со школки е и диареичното труење. Симптомите се јавуваат, во зависност од консумираната доза, од 30 минути до два или три часа, а опоравувањето е целосно без опасност по живот. Го карактеризираат изразени гастроинтестинални проблеми како што се мачнина, повраќање, пролив и болки во стомакот, проследени со грозница и главоболка.
Извор: artkujna.mk