Во фудбалската Лига на шампиони синоќа се одиграа реваншите од третата квалификациска рунда по која се формираа двојките за 4.коло. Изненадувања се елиминациите на Порто и Селтик кои важеа за големи фаворити за пласман во елитата.
Селтик е елиминиран по домашниот пораз (3:4) од романски Клуж, додека Порто исто така на свој терен загуби (2:3) од Краснодар (Русија). Белградската Црвена ѕвезда во Данска се радуваше по изведување пенали. И тимот на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, Динамо Загреб избори настап во следната фаза по гостински триумф кај Ференцварош (4:0).
Двојки за 4.коло:
Олимпијакос – Краснодар
ЛАСК – Бриж
АПОЕЛ – Ајакс
Јанг Бојс – Црвена ѕвезда
Клуж – Славија Прага
Динамо Загреб – Розенборг.
Натпреварите ќе се играат на 20 и на 27 август.
Извор: denar.mk