Пакистан побара ОН да свика итна седница на Советот за безбедност поради се’ поголемите тензии меѓу Исламабад и Њу Делхи по одлуката на Индија да укине специјален статус на спорната држава Џаму и Кашмир.
– Ситуацијата предизвикува непосредна закана за меѓународниот мир и безбедност – наведува пакистанскиот министер за надворешни работи, Шах Махмуд Куреши во писмо до Советот за безбедност.


