Најмалку 13 убиени ранчери при напад на село во Јужен Судан – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/19 2:27 PM

Најмалку 13 убиени ранчери при напад на село во Јужен Судан

Најмалку 13 лица загинаа кога силно вооружена група нападнала село и украла стотици говеда во централниот дел на Јужен Судан, изјави локален претставник – пренесе ДПА. Напаѓачите повредиле уште седум други лица и украле околу 230 говеда во селото Румбек, на истокот од државата – посочува комесарот на областа, Бањамин Адуол.

„Потврдивме за 13 мртви тела кои утринава ги најдовме на земја на ранчот со добиток, меѓу кои едно е дете, четири се жени и осуммина мажи“, рече Адуол.

Идентитетот на напаѓачите останува непознат, но властите се сомневаат дека тоа може да го извршиле жители од соседната држава Тоњ, откако сличен напад бил извршен на нивната земја. Минатата година вооружена група од Румбек нападна ранг со говеда во Тоњ, убивајќи десетици лица и крадејќи стотици говеда. Нападите за добиток со векови се редовна појава во оваа источноафриканска нација, а  често пати и меѓу ривалски етнички групи – пренесува ДПА.