Ренот е коренест зеленчук кој најчесто се користи како зачин односно додаток на оброците. Овој лут корен содржи бројни растителни соединенија меѓу кои и глукозинолати, кои се разградуваат во изотиоцијаниати и кои можат да го заштитат организмот од рак со што ќе го спречат растот на клетките на ракот.
Ренот има и антибактериски својства. Имено, лабораториските истражувања покажале дека алил-изотиоцијанат од ренот ги уништува бактериите E. coli, H. pylori и Salmonella.
Исто така, благодарение на карактеристичната лутина, ренот помага при проблеми со синусите, носот и грлото и ги ублажува настинките и проблемите со дишењето.
Извор: denar.mk