Како што беше најавено, соработникот на италијанскиотт весник „Ла Верита“, Ларис Гајсер, дека денеска во 11 часот во живо преку радио ќе соопшти нови детали за аферата „Рекет“, тоа и го стори на Радио Каподистрија.
При гостувањето Гајсер истака дека во моментов има пропаганда против La verita, во која се вели дека тие креираат мрачно сценарио за да се стави пречка на патот до Европа и северноатланските интеграции. Тој ова го отфрли како невистина.
„Јас мислам дека Заев е проблемот, а не е решението. Ова значи дека Македонија во овој момент, од меѓународна гледна точка има Премиер кој е товар за сопствената земја. Тој треба да се смени што е можно побрзо. Имам слушнато сценарио во кое се вели дека јас сум продолжена рака на Орбан и Салвини и дека бараме начини за контрола во Македонија. Ова е чиста измислица! Не вреди ниту да трошам време за да коментирам нешто вакво. Не го познавам ниту Салвини ниту Орбан“, вели Гајсер во интервјуто на радио.