Гајсер денеска во 11 часот со „нова бомба“ за случајот „Рекет“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/19 8:17 AM

Гајсер денеска во 11 часот со „нова бомба“ за случајот „Рекет“

Словенецот, Ларис Гајсер, новинарот на италијанскиот весник „Ла Верита“ најави вчера дека денеска во 11 часот ќе објави нови информации поврзани со случајот „Рекет“.

Гајсер на Фејсбук најави дека новите детали од „рекет-бомбата“ ќе се емитуваат при неговото гостување во Радио Каподистри во Италија.

„Македонијо! Утре, 13 август во 11 часот, на Радио Каподистри. Во центарот на нови факти директно од студио“ – напиша Гајсер.

Новинарот досега во три продолженија, во онлајн изданието на „Ла Верита“ објавуваше видео и аудио снимки за рекет од 1,5 милиони евра, кои за да биде ослободен наводно ги платил бизнизменот Орце Камчев.

Во снимките се појавуваат Бојан Јовановски и Зоран Милески-Кичеец како наводно ги подигнуваат парите од кај бизнисменот, а во аудио материјалите што беа презентирани неколкупати се слуша и гласот на јавната обвинителка, Катица Јанева.