Драстично се намалија цените на горивата – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/19 8:05 AM

Драстично се намалија цените на горивата

Бензините забележаа пад за дури три денари, додека пак за два денари паднаа и цените на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство.

Тоа значи дека почнувајќи од полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 се точи за 66,50 денари за литар, а  ЕУРОСУПЕР БС-98 чини 68,50.За  60 денари ден/лит ќе се полнат резервоари со ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) додека пак 50 денари ќе чини Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) И цената на мазутот се намали и таа ќе изнесува 32,361 денари за кг.