Во државава во јуни годинава се регистрирани 119.334 туристи со 264.821 ноќевање, што во однос на јуни лани претставува зголемување за 16,6 проценти, односно за 8,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Најпосетени во јуни годинава биле езерските места, каде престојувале 50.939 туристи, по што следи главниот град со 41.578, па планинските места со 5.604 и бањите со 2.392 посетители. Најмногу странски туристри имало од Турција, Полска, Србија, Грција и Бугарија.
Во јуни годинава бројот на домашни туристи се зголемил за 15,7 проценти, а на странските за 16,9 проценти, а во делот на ноќевањата за 7, 2 проценти, односно 9, 6 проценти.
Во периодот јануари-јуни годинава, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за четири проценти, при што кај домашните има зголемување за 5, 2 отсто, а кај странските за 3,5 проценти. Во првата половина од годинава бројот на ноќевањата е зголемен за 2,1 осто, кај домашните туристи за 1, 3 проценти, а кај странските за 2, 6 отсто.
Извор: denar.mk